Додека чекорев низ темните коридори на Атеистичкиот музеј, како во вистинско подземје на потиснатиот дух на народот, ми се наложуваше во различни изблици прашањето – за толерантноста на Албанците низ троверјето кое овде во Атеистичкиот музеј беше на нишан.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Татко не успеа да го напише последното поглавје за својата Историја, како еден вид тестамент за фаталноста и за толерантноста на Балканот, најсилните страници што ги испишуваше неговиот живот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)