За убиства жеден, те гледав кај виорно леташ, невидлив бој ти водејќи.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Некои лежеа за борч по деведесет дена најмногу, други за ќотек, трети за кражба, четврти за убиства.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Додека зборуваше за убиства, самоубиства, венерични болести, ампутирани екстремитети и изменети лица, го правеше тоа со тон во кој се насетуваше благ потсмев.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Очај за убиството на невиноста, таа осамена жртва на гревот која умира во болната фантазија на умот”.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Во проекцијата на тоа лудило, во часот на агонија насликав аморфна, безобличена слика на убиец.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Од неколкуте збора што можат да се извадат од целиот запис на Нико Кочо и од преданијата за убиството, може да се реконструира дека тоа се случило на петти септември 1877, приквечер.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Предлогот за убиството на валијата едногласно бил прифатен било решено тоа да се стори неколку дена по атентатите, зашто, ако би било извршени порано, би можело да предизвика рации, одмазди и апсења, во кои би настрадале и некои од гемиџиите.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Па тие, таму не можат да се оженат, ако не полежат затвор за убиство.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А. ПАВЛОВНА: Работата е во тоа што,... со право или без, но Алексеј Максимович се плаши од обид за убиство.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Но на крајот на краиштата тоа се прашања што зависат од твојот исказ.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Точно е дека си обвинет за убијство во обид. Но и тоа обвинение не држи вода.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)