Сепак, барем во одделот каде што таа работеше, постоеше солидарност и добра соработка меѓу колегите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работната атмосфера е тешко да се дефинира во целост, бидејќи В.И. смета оти токму поради оваа хиерархиска поставеност во фирмата се предизвикуваше непотребно сепарирање меѓу вработените и создавање на внатрешни табори.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Против ова решение може да се поднесе жалба до Владата на РМ, а, пак, против нејзиното решение може да се заведе управен спор пред Управниот суд; • петтиот нов член се однесува на подоцнежната постапка на преиспитување на репрезентативноста, бидејќи таа се определува само за временски период од три години, од денот на донесувањето на решението.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
И доколку времето не е само категорија на траење и менливост туку и оска на правдата – вистина е дека современата македонска поезија, најсуптилно меѓу сите творечки дисциплини, откри една значајна и филозофска и психолошка посебност на македонскиот народ: неговото чувство за временска дистанца; чувстото да ја различи минливоста од трајното.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Ме чуди, зошто на вестите освен за временската не даваат информации и за состојбата на магнетно-енергетската клима.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Но, се случува сосем спротивното. Во фирмата почнува забавено исплаќање на платите, и тоа за период од 12 месеци, поради што В.И. се решава да покрене судска постапка како би ги добила 243 заостанатите плати за временскиот период од мај 2002 до април 2003 година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)