Не можело да се знае кога е лут, кога замислен, со некоја своја тага можеби врзан за далечната испуканост на татковата земја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Наблизу пиштат локомотивите со новите транспорти на живи луѓе со истоштени лица, најчесто со згаснати погледи и пресушена болка на откорнатици, луѓе што брзо, веќе навежбано се товарат во добиточните вагони кои поаѓаат проследени со пискотите на жените, викот на уплашените деца, занемените мажи, воздишките на средовечните, шепотливите молитви на старците пристиснати во своите први, подвижни ќелии, на луѓето што од страв се измокруваат во својата облека, на децата што несвесни за ужасот кој ги обзел нивните семејства, бараат простор за игра, во вагоните тргнати за далечната Полска во кои има едвај место за стоење.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Кога ќе се смиреше, по испиеното кафе, во утеха ќе си префрлеше дека сепак не е негова работа да си го цепи умот за далечната иднина, за комунизмот, има за тоа поумни глави... ***
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Затоа ѝ го спомнав она за пиралката и за далечната пра-пра-прабаба.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ја погледнувам. Сините очиња се залепени за далечната модра планина.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Само она, до кое многу држиме – ми префрли еднаш мојата Катерина - настојуваме љубоморно да го сочуваме тоа наше скапоцено делче само за себеси.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
За чудо челото и јаготките му биле мазни, неподвижни, и преку ден како облеани од летна месечина, чиниш целото лице му е изделкано од јадра биволска коска.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа тој многугласен џагор, го покрива единствениот писок на локомотивата која поаѓа, тешко збивтајќи под товарот на долгата композиција што почнува да ја влече; товар што, од транспорт до транспорт, брои илјадници луѓе, милиони спомени, многу очаи, еден страв и нешто преостаната надеж.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)