Наивната прикаска за групичка расипани узурпатори на една страна и слободарските народни маси заробени во оковите на тиранијата на друга, веќе не е ни за детски уши.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Како што Џон Раскин напиша 1850. година, „без свеста што тие означуваат... како слепец што би ги видел кога одеднаш би го обдариле со поглед”; трето, способност да се види зад појавното, да се допре до „суштината” на работите; четврто и последно, им дава на ретките, достапен поглед во мистеријата наречена живот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Според романтичарите, концептот за детската невиност обезбедува четири нови квалитети: прво, многу подиректен пристап во уметничката инспирација; второ, способност да се видат работите пообјективно - какви што навистина се.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Бев вљубен во синооката Ана и љубовта ја знаев до тој ден како разговор за книгите - за Робинзоновиот Петко што избегал од човекојадците, за Гуливеровите смешни настани во земјата на Лилипутите, за детските војни во Павловата улица, за сите Вернови и Велсови фантастични чуда, за приказните од Илјада и една ноќ.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)