5. Работодавачот не смее да наложи работа подолго од полното работно време на работникот на кој, врз основа на мислење на лекарската комисија, поради таквото работење ќе му се влоши здравствената состојба; како и на работникот кој работи помалку од полното работно време [скратено работно време] во согласност со прописите за пензиско и инвалидско осигурување [инвалидност], 144 прописите за здравствено осигурување [медицинска рехабилитација] или врз основа на други прописи [родителски обврски] (чл. 120, ст.1, ал.6 и 8 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Осигуреникот со преостаната работна способност за кого е утврдено дека не е способен за работа со полно работно време на својата работа или на друга соодветна работа, со или без преквалификација или доквалификација – има право да работи на својата работа или на друга соодветна работа со работно време кое одговара на неговата преостаната работна способност, но не помалку од половината од полното работно време (чл. 48, ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За овие работници, работодавачот е должен да ги процени сите ризици по нивната безбедност и здравје и врз основа на стручна процена, од соодветен лекар, за здравствената состојба и подготвеноста на работниците од овие ризични групи да усвои соодветни мерки.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Сепак, подоцна, при самото склучување на договорот, кандидатот не е должен да достави доказ за здравствената способност – освен ако работодавачот, и тоа на своја сметка, не го испратил на здравствен преглед (чл. 25, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Според изворната верзија од ЗРО/93, трудовите инспектори можеа да ја преземат оваа мерка во два случаи: (а) при прекршување на одредбите околу засновањето работен однос и (б) при прекршување на одредбите околу плаќањето на придонеси за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување (чл. 143, ЗРО/93).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
„Морам да го имам”, се реши Френк на лице место и наспроти благите протести на Џоен дека покрај Леонардо нејзината „Баричка роса” изгледа како локвичка урина (и ненадејниот увид дека ќе биде вдовица пред тој календар да биде потрошен), влегоа и го купија за работната соба на Френк, која деновиве главно беше користена за водење на семејните сметки и пополнување на формуларите за здравствено осигурување.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
На говорницата излезе претставникот од Заводот за здравствена заштита, докторка на средна возраст.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)