Татко ми во своите глобални размисли за козјото прашање беше начисто оти режимот има повеќе варијанти како да им се стави крај на козите во секоја република на Југославија одделно, во зависност од нејзината развиеност и од менталитетот на луѓето.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Потоа го купуваме нашето брашно од бегот за козја пастрма, за овци и за волна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Попусто ноќта војниците и полицајците, со претставници на власта и партијата, посебно со задолжените за козјото прашање ги бараа козите и Чанга.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И гладни сме од Богојавление до вршило. Децата ни се збрчкуваат предвреме.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Реши, по многу разговори со татко ми и со другите угледни козари во градот, да оди во Федерацијата, кај централните власти на земјата, да разговара, ако треба со главниот стратег за козјото прашање, сонуваше и дури да го посети Водачот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко ми во еден од последните разговори, претпостави дека најодговорниот за козјото прашање е можеби надвор од земјата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)