Ај, ќе се воздржам и ништо нема да речам, ама, ме стаса до вратата, да ме доисплаши: „Невесто! За Свети Никола дома да си седиш.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Го продаде брашното, сирењето, гравот, волната, житото и другите „дарови" што ги собра в село за свети Илија, си го јавна вакафскиот коњ и си отиде во манастирот да му ги однесе последните пари на егуменот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Јанческата приказна, за божемното насилно Бошово заминување од Потковицата, сосема беше надвладеана од таа за Бошета и за свети Јован Крстител.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)