за (предл.) - сув (прид.)

МАТЕЈ: Гледа манастири. БОРИС: Да не краде икончиња? Пишуваше по весници. Ги продаваат во странство за суво злато.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Пламенот заигра со мрежестите шари и му го осветли долгунестото, збрчкано лице со ретките мустаќи свиснати надолу и слепени за сувите образи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Крајот на цигарата се лепеше за сувите усни, ја влечеше испуканата кожа со себе. Тутунот е најарен дијагностичар, се сети. Не за лудите, за болните од треска додаде.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Децата се држат за скутовите од жените, ко пајажина за сува гранка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)