• 2007: поместување на можноста вработените да се стекнат со акции бесплатно или по повластена цена да важи од 2012 година (Закон за трговските друштва); • 2008: намалување на законски гарантираниот годишен одмор (Закон за работни односи);
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
5. Уделот во друштвото, согласно дефиницијата во Законот за трговските друштва (Сл. весник на РМ, 28/2004), претставува севкупност на права и обврски кои содружникот ги стекнува врз основа на влогот во основната главнина во јавното трговско друштво, командитното друштво и друштвото со ограничена одговорност, при што секој содружник има еден удел кој не може да биде претставен во хартија од вредност.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Законот за трговските друштва усвоен во 2004 година донесе одредени промени кои можат да се сметаат за минимални подобрувања на правата на вработените во споредба со Законот од 2002 година, но кои сепак значат значително намалување на нивните права во однос на Законот од 1996 година, кој фактички беше на сила до тој момент.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Така, се воведе можноста за извршување услуги од страна на странци без поседување на дозвола за работа, но само врз основа на потврда за регистрација за работа ако се однесува на давање на сле- дните услуги: а) договорни услуги кои ги даваат странски уметници и професионални автори (чл. 27); б) услуги за трговски саеми (чл. 28); в) услуги кои се поврзани со набавка на стока и постпродажни услуги (чл. 29); г) работи кои ги вршат странци кои во Република Македонија престојуваат заради студирање (чл. 30); д) услуги за итни случаи (чл. 31).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Од осамостојувањето на Република Македонија до денес се донесени три закони за трговските друштва, во 1996, 2002 и 2004 година, 1 со тоа што вториот никогаш не стапи на сила. 2 Законот од 1996 година има претрпено дури 13 промени, 3 додека законот од 2004 година досега претрпел 3 промени.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
4. Закони за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва од 2004 година, Сл. весник на РМ – 84/05, 25/07 и 87/08. 158 учество во одлучувањето. Оваа одредба во Уставот на Република Македонија има посебна тежина, бидејќи само уште во неколку европски земји (Италија, Норвешка, Холандија, Португалија, Словенија и Хрватска) ова право има статус на уставно право.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)