Та така и јас, кога со прстот проаѓам по букви непознати, ја чувствувам нивната топлина, топлината на буквите, и светлината нивна ја гледам, оти секоја топлина има и своја боја, и знам дали записот говори за студено или за топло, за мрачно или за светло, за арно или за зло.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
БУРЕ БАРУТ лица и сцени праизведба: 15 октомври 1994 Скопје - МНТ режија: Сашо Миленковски Лица: СЦЕНА 1: За арно, за убаво АНЃЕЛЕ, ДИМИТРИЈА СЦЕНА 2: Инцидент СВЕТО, АНЃЕЛЕ, БЛАГОЈА, АЦО СЦЕНА 3: Систем СВЕТО, СИМОН СЦЕНА 5: Последен автобус за...
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Кадијата се наврати нешто во кадилакот и кога погледна преку прозорецот и ги виде селаните на чело со добро познатите нивни водачи поп Јаков, Димитрија и други што беа пред две-три недели кај него, јасно му стана дека не идат олку луѓе кај него за арно.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Во доцните часови заѕвони телефонот. Изостреното претчувство ѝ кажуваше дека ваков абер толку доцна не доаѓа за арно.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Да се за арно, не ќе се измислуваше закон против нив, туку...
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Да ни е за многу години. Сѐ за арно да ни е адетот наш рисјански... целокупни да сме си.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
А многу си ја поганеа устата Србите, многу пцуеја. И за арно и за лошо пцуеја. Не знаеш кај да ги најдеш. Дури ги научивме, само се тепавме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)