Сулоага, со ќуркот на едното рамо, чибук од половина метро в уста, едвај го лапа ќилибарот, се шетка и прави муабет, де со еден, де со друг чорбаџија Распрашува за дома, за деца, за стока и за бериќетот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
До неделата Толе си спреми понешто за дома и си тргна кон Мариово.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Трчам да не ме остави возот, да не го заборавам патот за дома.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сакаме малку да ни остане за дома.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А пругата ни е единствен патоказ за дома.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не се гибам со луѓето, не се кажувам, туку само подголтнувам како човек што си ја загубил адресата за дома.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тоа веќе, стрико, оти е така како што кажавте, така си е, и не инаку, туку јас сиромав, како ќе правам за дома да си одам?
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Кога се стемни, се провре низ прозорчето од коњушницата и го фати патот за дома. Во селото стаса пред закопот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- „Носи си ги тие гомненици“ - рече. - Поточно: „Чувај си ги тие интелектуални гомненици за дома“.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Со ручекот беа готови. Тале го одврза коњчето, му го кладе самарчето и рече: - Еве ти пари за дрвата, едно кило шеќер за дома и собуј ги искинатите свински опинци. Место нив еве ти нови. Да не одиш бос.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
2. Врз папокот времето си седнало
За дома да си дојде ожеднало
Ни првата година не мина
во резето на душата болест зина,
уште спомените топли ми беа
животот облече страдална дреа.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Не можеме да се отчипчиме. Тој ме прашува за дома, јас за Америка и, од кај се најде овдека, го прашувам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Не сум за дома, вели, немам вечера закрпено.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А ние бевме многу радосни, оти си зборуваме за дома.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)