Та така и јас, кога со прстот проаѓам по букви непознати, ја чувствувам нивната топлина, топлината на буквите, и светлината нивна ја гледам, оти секоја топлина има и своја боја, и знам дали записот говори за студено или за топло, за мрачно или за светло, за арно или за зло.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ако не зло, јас не можам да земам за зло, ако зло, тогаш ич не кажуј.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)