За кај се дотеруваш, му вели, за оној свет онаму?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Целата ноќ што мислел и думал, за кај бил и сега каде е во таа пустелија кај што петел не пеал и куче не лајало.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
За кај се спремаш, Здравко, здравец мој попарен, викам и сеќавам дека неговата рака се лади во мојата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Облечи ме сега, вели Здравко, облечи ме и намести ме. - А за кај да те наместам, сине златен, му велам, и почнува вода да ми шопа од очиве.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)