за (предл.) - толку (прил.)

Но нивниот сајт беше толку малку читан па се поставуваше прашање зошто чика Суруш однадвор фрла толку пари за толку неспособни суруши.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Се молеше Бојана и се заколнуваше со тешки мајчини солзи, неумолива во својата преголема болка за толку рано однесениот маж и непоколеблива во своето решение да го запази синот, својата радост, својот нов живот, да го запази од сите патила што ги носи печалбарскиот живот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Селото го напаѓаа невидени роеви влакнести муви со страшни очи кога богзнае каков солен ветар го довеа од некоја далечна земја внукот на поојникот Осип Крстин, за толку години неизменетиот студеноок и молчалив Антуш Крстин.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
— Е само за тоа и за толку, вели жената, ушите да му ги јадат!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мачно е времето селско, вели, кај да се опулиш работа те чека, а јас немам раце за толку...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам дали и Христос бил подготвен за толку отстапки?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Всушност, јас мислам депонијата Дрисла, да речам попрецизно санитарната депонија Дрисла, онаа што е уште во пробна работа - нели? - не можела за толку кусо време да го уништи животинскиот и растителниот свет во реката, да речам рипчиња, ракчиња или што било во реката“, коментираше Ивана, цапајќи низ плитката вода.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Татко ми го затвори радиото, го извади шнурот, и го однесе во својата соба, овој споулавен апарат што, за толку кусо време, посеа толку немир.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Никогаш за толку кратко време големите разлики на овие луѓе не биле толку брзо збришани, претворени во заедничко верување.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Гури Порадеци беше пресреќен, на кормилото, што ја минавме границата и, според предвидувањата, навреме и безбедно стигнувавме со чунот кон нашата поинаква иднина, станувајќи, за толку кусо време, емигранти на животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Никогаш Мајка не ни зборувала толку многу и за толку значајни настани од историјата на семејството. Ние сега си се чувствувавме позначајни.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Јас дојдов само за толку, вели Јон, толкаво е моето видување.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)