за (предл.) - што (прил.)

Глумците пеат. Глумците прават сѐ само не глумат, а сите други глумат сѐ само не работат она за што ги бива.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
За кого, за што пее таа птица ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А јас, за што сум способна јас!? За ништо. Ете ја мојата слабост.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Жрепката е фрлена, жрепката е фрлена! И се случи тоа за што сите потајно копнееја.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На челниот дел од куќата, под стреата: срце, прстен, токосани раце, ангелче, венче, и во нив: почетните букви од името и презимето на домаќинот и годината на градењето; балкони: украсени со елементи од железо или ламарина во форма на триаголник, четириаголник, ромб, ромбоид, круг, трапез или со гипсени елементи во вид на амфори, во вид на подлактени раце или сосем едноставни со парапети кои завршуваат со коритца за цвеќиња; чардаци: долги колку што е долга и куќата, со пармаци, со плотици од костен, од даб, од јасика; на чардаците испуштени башлаци над кои висат мали куличиња низ кои може незабележено да се ѕирне во дворот, на патот, или во време на војни и арамилак, да се протне цевка од пушка и да се направи пусија; покриви: со рамни или со стрмни стреи, со испуштени чакми и кучиња, со поткренати маи како крилја од птица, со издолжени предни страни како козирка од капи, или прекинати со предниот ѕид што се крева нагоре за да го затскрие покривот; вратите: со една, со две поли, обични или со нутифедер, со украсни бордури на секоја пола, со надвратни прозорчиња застаклени или опшиени со мрежа за заштита од секакво гадурии; на вратите жапка или шуличе што се отвора со стап кој постојано е врзан на вратата, ѕвонец што ќе чукне потивко или посилно, резе со катинар или брава донесена којзнае од каде; прозорците: широки, европски, или пак тесни со по неколку крила доближени едно до друго за што подобро да ги осветлат просториите; оние што се на долниот кат и низ кои може да се ѕирне, заштитени се со железни прачки извиткани во разни форми; кај што нема железни пречки - дрвени капаци испукани од сонце и дожд, но кои ноќно време убаво ја затвораат куќата како дланки склопени на очи или како мравкини дупки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
20. ГЛАВАТА НЕ Е САМО ЗА КАПА - а за што друго ќе е?
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
За што било тие денови да разговаравте со него, тој не умееше човечки, обично да ви одговори.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Од младите се бара многу: добро да учат, да помагаат дома, да имаат разбирање за сѐ, но товарот на родителите е далеку поголем, од нив се бара да се има дом, да е топло во него, да се има облека, да се има храна, да се имаат пари за кино, за слаткарница, за патувања, за струја, за вода, за кредити и за што ли не!?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- За што зборуваш! - се обидов да го разјаснам недоразбирањето. - Какви се тие инсинуации?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Луѓето седат на лединките и сега си кажуваат за ти реков, ми рече, за што било и поминало. Како да се покрсти излезени.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А да немаше ништо, ќе си умреше мирно, спокојно, како јагне, зашто ќе немаше за што да пека, за што да жали. Ете така, снао...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)