До осум, до состанокот со убавата Швеѓанка Гинел Свенсон; таа ќе нѐ чека во бистрото на дебелата Шпањолка, онде, зад црквата Сен Жермен.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Од горниот раб на северните падини на Горник, веднаш од зад црквата и гробиштата, шумата продолжува.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Зад црквата стрчеа високи јаворови дрвја кои преминуваа во шумата на Кожле, на чиј почеток стоеше амбарот, секогаш полн.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И потполошките се распеаја. Зад црквата по втор пат жолто расцутеа непознати грмушки.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Од зад црквата се слушаше кукање на кукавица, од селото доаѓаше пеење на петли, прилајување на кучиња и денот стануваше уште повисок.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Лежевме в трева зад црквата на светата брачна двојка Константин и Елена и ја пиевме со очи модрината на небото.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)