И којзнае заради што но сето тоа време тој многу често во своите притивнати размии, загубиго - најдиго, сеедно се среќаваше сѐ со еден лик, сѐ со името на еден човек.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Десет илјади, му рекоа, а тој само што не прсна, какви десет илјади за оваа сува слама во измитарена кожа, кога тоа чудо нема ни заби, немаш заби ни ти, му рекоа браќата, понесени од љубовта на Отец Симеон за белата душа и рекоа уште нешто, заради што пенушката помодре и им ги покажа забите, па тие веднаш се снајдоа и го одвлекоа коњчето, сеедно, не е само тој купувач на овој вангелосан свет.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Заради што, за кого отров, кога не сум змија на камен да го оставам минатото како стара кошула? Не сум змија. Ни друго.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)