Во однос на 1. Закон за социјалната заштита, Сл. весник на РМ, 50/97. 2. Измени и дополнувања на Законот за социјална заштита, Сл. весник на РМ, 16/2000, 17/03, 65/04, 62/05, 111/05, 40/07, 98/08 и 161/08. 3. Закон за социјалната заштита, Сл. весник на РМ, 79/09. 173 престанокот на работниот однос е пропишано дека на потенцијалниот примател на социјална парична помош работниот однос не смее да му престанал ниту по негова вина ниту по негово барање, додека во поглед на неговото однесување како невработено лице е пропишано дека потенцијалниот примател не смее ниту да одбие понуда за вработување, која одговара на степенот на неговата стручна подготовка, ниту да одбие обука, преквалификација или доквалификација заради вработување.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Инспекторот е должен да го земе во постапка секое барање на работникот заради остварување, односно заштита на правата од работниот однос и заштита при работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Инспекторатот се грижи за унапредување на инспекцискиот надзор и за стручно усовршување на инспекторите (чл. 4, ЗИТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Инспекциска заштита, односно интервенција во согласност со одредбите на овој закон може да побараат и лицата пријавени на јавен оглас заради вработување (чл. 16, ЗИТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Покрај поголемата експлицитност на одредбата, ЗИТ (1997) ја предвидува дополнителната поволност работникот своето барање до инспекторот, покрај писмено, да може да го изјави и усно пред него, а новина е воведувањето на можноста инспекциска интервенција да побараат и лицата пријавени на јавен оглас заради вработување.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)