Настапи, значи, време кога требаше да страдам заради својот
сосем невин обичај.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тогаш и подоцна сѐ почести беа вестите за тоа дека селаните ноќе чуваат стража за да се бранат од бандите пљачкаши, кои кружеа по селата и ваму-таму ги пресретнуваа џандарите со истрели; дека особено Македонците, кои страдаа и заради учеството во движењето на отпорот, а најмногу заради своето потекло, веќе имаа почнато да се организираат во групи за самоодбрана.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Но, вие заради својата бруталност и повредите што сте ѝ ги нанеле, ќе морате да појдете со нас за да дадете изјава.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И покрај копнежот да биде сакан заради своето „вистинско јас”, шизофреничарот е згрозен од љубовта.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Сега не знам зошто одбивав да излегуваме ноќе - заради својата зафатеност или заради сјајот во твоите очи?
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Не заради себе, воопшто не заради своите ноќи, заради него и заради неговите огромни рачишта, да не почне да ги враќа пак камењата онаму, каде што мирувале отсекогаш, да неби да му удри во рогот и нешто такво.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Верував дека е горда заради своите мустаќи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
„А знаеле ли зошто е богочетец?“ И одговори: „Заради своите дедовци.“ ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Ќе се моли, ќе се преправа“, дојде Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Никако не му идеше в глава толкава упорност и пожртвуваност, тврдоглавост, како што си велеше самиот во себе. Не можеше да си го објасни фанатизмот на овие луѓе што ги жртвуваа животите заради своите души; заради верата и слободата што ги бранеа по цената на животите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Дедо ми малку се вцрви и ми се чинеше дека се засрами заради својата заборавеност.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)