— Диши слободно, вика Никифор, пју либераменте, кос, кос, дишењето остави им го на стомачните мускули, исправено, исправено, многу влечеш на вибрато, така, така, вели, и дишењето треба да ти биде дел од музиката, не стегај ги прстите, вели, треба да допираш, како некого да будиш, вели, тонот треба сам да ти се јавува, да ти се оѕвива...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)