За мене е поважно прашањето за нашата национално религиозна и економска преродба; а тоа може да стане само со изучувањето на својот народ, прво како одделна единка, после во врска со другите Македонски и балкански народи и најпосле како член на словенската фамилија народности.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Досегашното наше работење, особено востанието, беше необмислена младешка работа, но тоа ни се простува, едно, зашто досега ние бевме млад народ што одвај се проникнува со своето национално самосознание, а друго, зашто досега, не живеејќи како одделна национално-религиозна единица, се наоѓавме под влијанието на разни национални и религиозни пропаганди.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
М. К. Цепенков во продолженија (во весник) ја објавуваше својата драма “Црне Војвода”, додека пред тоа како одделно издание беше печатена драмата “Прилепски светци” од А.Страшимиров.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)