На 10 август 1947 година, Главниот штаб на ДАГ (Грчка ослободителна армија) ги призна Македонците како посебно национално малцинство со право да отвораат училишта на свој мајчин јазик.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Бодуен-де-Куртене уште во август 1877 год. престојува во Македонија, потоа ги следи истражувањата на Л.Мазинг за македонскиот јазик (1890-1891), како и оние на П.Д.Драганов, К.Хрон и др., и во својот учебник „Споредбена граматика на словенските јазици во врска со другите индоевропски јазици” (1901-1902) македонскиот го изделува како посебен од другите словенски јазици.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Исто така во тоа време, во учебната 1900/01 година, П.А.Лавров првпат го воведува македонскиот јазик како посебен курс на Петербуршкиот универзитет, а специјално за Мисиркова распишува конкурс за златен медал на тема „Народните песни на Македонските Словени како етнографски извор” (1901) што потоа ја брани како дипломска работа „Кон прашањето за народноста и причините за популарноста на македонскиот крал Марко” (1902).
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)