Пукара — чукара, таман како сношти, му се фукнаа на Рожден и право кај дедот Карабуклија.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Илко ги врза маските долни крај, ја извади торбата со здравотоживо, ја остави ластегарката кај дедо Петковата и се приближи до огништето: — Добровечер, дедо Ристе.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Лесна работа, ќе му ги врати сосем мамеле, зошчо да лежа ти да мувлосуваат кај дедо Билјара?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се изнагостија убаво, убаво, преденуваа на другиот ден; вечерта појдоа дома кај дедот Паленѕа, Бојка, Стоја и другите колибари што ги хранеа по Раец и Рамништето.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Андон одвај го дочека тој предлог, бидејќи и тој цела зима преседе како глушец в дупка кај дедот Паленѕа на колибата, та и нему му се заминуваше преку Дуње, да ја наѕре Андоница и децата. Само Стојче се понамурти, но не одрече.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А за тоа што се случува кај момчето, на што се должи тој истрел, само можеше да нагаѓа, како што и Бојан од својата колиба не можеше да знае што се случува кај дедо Иван.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Бојан често се распрашуваше кај деда си за имињата на околните места кои укажуваа на едно далечно минато, на поинакви времиња, а момчето сакаше да се нурне во тоа минато, да ја разоткрие и запознае и од таа страна својата сакана долина, но и дедо му даваше нејасни, колебливи одговори, што значеше дека многу работи и тој не ги знае.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Куќерката моја, суниска и тесна пред мене ми личи ко внекоја бајка, кај дедо ми кажвал приказни и песни, над лелејка каде ми пеела мајка...
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Набргу згаснаа светлата и кај дедо Кољо, а тој сѐ уште не беше вратен. Ги чекаше јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Истата вечер Луман, изненадно, дојде кај деда Бошка. Влезе смешкајќи се.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Децата кај деда Гера го најдоа и деда Ангелета, човек врсник на Гера и на Бошка Манев, кој до Хуриетот исто така бил комита и шегобиец речиси рамен на својот војвода.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)