Макар што кабинетот му беше во подрумот на поликлиниката, тој бавно но сигурно се искачуваше по излижаните скалила на хиерархијата во зградата на струката - од асистент до предавач, без амбиции да го замени пензионираниот шеф на катедрата и раководител на клиниката, за што и така немаше да наиде на поддршка ни кај колегите ни пошироко.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
— Ќе појдите, чорбаџи Мито, по оваа работа кај колегата мој — италијанскиот конзул, — промрмори конзулот и седна на масата, та напиша два три збора на француски и му го подаде на Мита книжулчето.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Мито го зеде книжулчето и длабоко воздивна, правејќи го тажно лицето како да е брат му на умирање.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)