Но, ја запеа на микрофон „Ајде слушај, слушај, калеш бре, Анѓо“ и ги собра сите симпатии и ја побараа и на „бис“, како да е Виолета, и таа ја отпеа и „Кога си тргнав на туѓина“, а мајка ѝ се расплака, нејзе и Центар ѝ беше далеку зашто, нели, со „два реиза“ мора да оди на гости кај ќерка си.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Попот пак не се правеше слеп, виде еднаш, виде двапати, три, и бидејќи немаше што да му прави на Милоша, а Анѓа не го слушаше, ни пет ни шест, еден ден си ја зеде торбичката со „алатите" и си отиде кај ќерка си Бисера.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)