кај (предл.) - негов (прид.)

Си измислувал човекот заобиколен пат но за жал сепак не пристигнал кај неа (Кај неговата Катерина). Ни не слутел дека го фатил правецот кој води директно в зандана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ж заспа како бебенце. Следниот ден болничарката се јави кај неговите родители.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ѝ се наметнуваше уште едно, потешко прашање: дали можеби кај неговите родители, во нивната куќа, или во нивниот град, или било каде, веќе постои негова жена? Можеби и деца?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тој ме предаде на еден борец и ме испрати во едно блиско село до нашето, кај негови роднини.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Но него најмногу го возбудуваше можното постоење на лавиринтот во полифоното четворогласно пеење, кое било забележано само кај неговиот албански народ на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе го испрскаме со вода, па така да се врати од кај неговите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веднаш по тој разговор. Долу на спратот кај неговите родители...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)