кон (предл.) - вас (зам.)

О, потомци, островјани на бесконечноста, љубовта кон вас нè прави неранливи. * * * Немало потреба да се мачиш и да ми пишуваш, сине, зашто мајка, како Исуса, писмо не знае!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Крстици светлина Острови како храмови се извишуваат над морето по кое пловам а јас копнеам само по еден од нив на кој да се прибере мојот народ та само бесконечноста, морето и ѕвездите да му бидат граници и да гледам утринум секој со срп в раце како жнее крстици светлина зашто само тоа ќе ги израдува моите предци чија адреса е запишана во Светото писмо.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
- А, да... „скромните чувства кон вас, ви ја праќаме следнава помош: 9 глави голем добиток; 156 глави ситен добиток; 136 оки и 500 грама волна; 134 оки и 100 грама сирење; 8 парчиња злато; 25 оки и 100 грама маст; 54 оки и 150 грама сало; 218 оки и 300 грама жито; 936 оки и 100 грама граф; 147 рала чорапи; 32 торби; 20 метри шајак; 310 јајца; 46 кокошки; 22 кошули: 3 фустани...“
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ние, вашите родители, вашите жени и синови, ја сфаќаме како народна чест помошта до вас, борците на ДАГ и, изразувајќи ги нашите скромни чувства кон вас...”
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако се споредам со тетка ти, која е „покревка“, „понеспособна“, а на која маж ѝ и децата ѝ ја исполнуваат секоја желба, гледам колку погрешно сум се поставила кон вас.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Слушајте книги, кон вас сја обрштам, Чујте мојт т'жен расказ, Што мене натера, та как ја сја мрштам И ненавиждам ја так вас.
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Се чувствував сигурна што можев кон вас да бидам пес.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ми се чинеше дека лутината ми е иста како онаа божјата кон народот Израелски, та помислив: ’По цел ден ги ширев рацете кон вас, непослушен и инаетлив народе!‘, и во својата горчина, тогаш за миг ве напуштив.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Македонци, браќа мои, чеда мои, простете ми, оти сега знам дека тогаш во срцето свое сум носел лутина и кон вас, оти во Филипи, понесен од љубовта и добрината на Лидија, го очекував од сите истото, та кога се најдов соголен и натепан со стапови, во себеси носев горчина наместо љубов кон вас, Македонците.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
КУПРИКОВ: Од тоа јас заклучив, дека тој има намера да направи нешто што не е добро, и затоа се обраќам повторно кон вас, Љуба Ивановна, и кон тебе, драги Аљоша, пред свидетели, со голема молба да преземете мерки на максимална претпазливост.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Со сета почит кон вас ... јас ги уважувам вашите ставови, но ги поддржувам своите.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
НИША - Поовско-Кероловска приказна: „Нишај се!“, ѝ рекол таинствениот господин скриен во ниша на госпоѓицата занишана на нишалка. „Кон вас, да ве нанишанам?“, рекла госпоѓицата. „Ма, ништо“, рекол господинот. „Само се сетив на еден филм на Флајшер, за црвената нишалка.“ Во тој момент една нишка од црвениот фустан на госпоѓицата паднала врз господинот. „И сè како да се поништува!“ рекол, за крај, мистериозниот господин од нишата.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Примете го изразот на моите искрени длабоки чувства кон вас.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не престанував да си го поставувам прашањето зошто Елен Лејбовиц не престануваше да ми пишува, да навлегува сѐ подлабоко во тајните на моето семејство предадено низ литературна транспозиција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ваш бескрајно благодарен и со восхит кон вас Луан Старова XXV Семејството во егзил е мала тврдина на опстанокот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Нешто се кон­сул­ти­раше со другите војници, па потоа ми рече: „Госпоѓо, ние имаме голема почит кон вас и кон вашите деца, вие прекрасно, како да ви е мајчин, го збору­ва­те нашиот јазик, вие сигурно имате италијански корени и сте наша, па мора да ви веруваме!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)