На крајот се запушти, ја остави математиката и живееше како дивјак, во нечистотија и осаменост, жалејќи се на незадоволеното самољубие.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Единствено Ирина повеќе-помалку се извлече, благодарејќи ѝ на својата животинска љубов кон себеси; таа набрзо го остави Вадим и некаде се вработи.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Не знам колку силно нѐ притисна кон себеси.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Семето добро знае: ако тргне кон своите - своите веќе одживеале, ги нема, за да тргне кон себеси - и самото треба да исчезне...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
И без да сакаш ти веќе влезе во едно грдо време во кое, загледан во оние исконски карпи на твојот роден крај, ти осознаваш дека и не е многу тешко да се стане камен; бигор и мрамор, дури.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Сѐ зависи од отвореноста кон себеси, од искреноста со која ја прифаќаш или не - вистината која те опкружува и која има големи, крупни очи кои гледаат и отаде невидливото.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Химна на животот Семето на својот врат си го носи клучот на животот кој ќе го проживее откако претходно ќе никне од себеси за големите искушенија низ кои допрва ќе минува - тоа никого и ништо не прашува.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
„Сѐ зависи од отвореноста / кон себеси, од искреноста / со која ја прифаќаш или не - / вистината која те опкружува и која има / големи, крупни очи кои гледаат / и отаде невидливото.“
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Потем логотетот се созеде и почна со зборови најгнасни да фрла по сите нас, освен по Лествичникот; рече дека ќе нѐ распушти, дека ќе нѐ прогони од царството, дека имињата ќе ни одземе, прав и пепел дека ќе нѐ стори, дека за опашки од единаесет коњи ќе нѐ врзе и ќе нѐ влече сѐ додека трае животот на коњот, дека главите наши на кол ќе ги надене и на ѕидините од градот ќе ги истакне, како бајраци на срамот и лицемерието, на неверноста кон себеси, како пример за тоа што ќе ја снајде устата што говори она што не говори душата, и тоа пред тронот владетелски, царски!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Оти речено е и за суровоста: оној кој е строг кон себеси, тој е благ кон другите, а оној кој, како Писмородецот е благ и попустлив кон себеси е суров кон ближниот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Па макар и да ја има таа желба, макар и да поминуваат низ него сите тие, крајно одредени и јасни - недвосмислени слики за него, неговата боја,искрите на светот, огинот, со таа топла граница помеѓу него и тоа другото во кое не може да верува, колку и да сака; сепак се е подобро од неодреденост во која е онеспособен да проговори свртен кон себеси како кон било што друго, неколку обични и најобични идеи, за тишина, за пејсажи, за нешто.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Ја свртел кон себеси и кон месечината. - Која си, што бараш овде?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Девојката се извила со чуден, ни грлен ни носен извик. Се обидела да се искорне од живата стапица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се враќал кон себеси, станувал свесен дека кренал рака на бессилен човек со крвава рана на папокот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го сторил тоа и, фрлајќи го далеку од себе јатаганот (се чул удар на челик во камен), гласно заплакал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Наеднаш чиниш тој простор беше му го позел; тој простор чиниш уште пред тоа, пред тој да може да го знае тоа, беше му го украл сиот негов здив во своите недогледни глобочини, со мирна невидена плавна синевина, што го исполни сето растојание меѓу бескрајните брегови на неговиот поглед и простор беше го повлекол сиот него кон себеси, кон својата шир.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Длабоко се надигнуваше незадоволство и презир кон себеси, кон луѓето во овој проклет град, кон оваа тесна и куса, но бескрајно мачна за поминување, улица.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Да се свртиме кон себеси, кон нашата положба.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Ни кон својата свест? - Ни кон неа. - Ни кон себеси?
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Но и ме накреваше, ме исполнуваше со сила да се вратам кон себеси, да се исправам пред тебе и да те плукнам. Еве вака…“ И го плукна.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
„Сеедно ли ти е сега кога знаеш дека јас свесно грешев кон себеси?“ го праша.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Во тоа кажување немаше обвинување ниту кон мене, ниту кон себеси.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ема не бараше виновник за нашето паѓање во замката што заеднички ја подготвувавме за другите.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Немој да бидеш попустлива кон себеси кога ќе се преиспитуваш - можеш или не можеш!
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Не можам да речам зошто Пеперутката го стори тоа, зошто се сврти, но ова нејзино движење сигурен сум дека смеам да го наречам свртување кон себеси, а тоа го изведе многу умешно и тоа само со погледот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Со Катерина бевме втасани негде кон крајот на пораката Високиот глас на младите, всушност веќе навлегувавме во оној дел од написот во кој се спомнуваа и резултатите од зафатите на младите, и на нивните големи и високи цели со кои се ветуваа и големи преселби на сезоните, кога Катерина сосема неочекувано ги крена рацете од машината и ги пренесе на моето теме; постапуваше како да зема во рацете посакуван предмет но тоа го стори многу внимателно и со двете раце, како да се плаши дека ќе му ја повреди убавината и скапоценоста на предметот што го зема, ме сврти кон себеси и ми се загледа во очите: - Ете, тоа се вистинските зборови!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Наеднаш како да потона во своите длабочини.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)