Петар, пак, лут и нетрпелив кон сето она што (исто така материјално) не му ги олеснуваше патувањата и проповедите, на смрт го проколна во неговата слабост.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Извесно време размислував дали да ги соберам овие кафеави топчиња и да ги ставам во тегла полна со формалин која Милчо и јас би ја сочувале како документ, но во еден момент почувствував напад на таква апсурдност што неделувањето ми изгледаше како најприкладен однос кон сето тоа.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Додавајќи го кон сето тоа практичното искуство на работата во филмот, врз документарците, една пост-кавалкантиевска и пост-грирсоновска грижа за тоа колку нештата се вистинити е веродостојни.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Сега, кога го сети своето приближување кон сето она, можеше многу добро да ја открие и длабочината, а и сето самоодречување, и сè друго, што некогаш само го насетувал кај својот Брат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кај Кејџ отсекогаш постоела нагласена одбивност кон сето душевно наметливо, кон сите субјективни преломи на стварноста што ја извртуваат нејзината изворност и ја ставаат во функција на нарцизмот и приватната патологија на оној кој го произведува делото и на оној кој го прима.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)