Ја спружив кон Турците и сите тројца ги турнав од чикмето.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
За нашите односи кон Турците јас можам да речам само едно: ние сме задолжени да направиме сѐ што се бара од нас за да ѝ докажеме на Турција оти нејзиното останување како европска држава среќава во нас полно сочувство.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Така, односите на нашиот народ кон Турците и муслиманите воопшто повеќе зависеше од последниве отколку од нас: ако муслиманите гледаа на христијаните како на луѓе рамни на нив, тогаш нема сомнение оти не само ќе беа најарни односите меѓу христијаните и муслиманите, ами може и да немаше востание.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Стојан му го подава шишето со ракија и се врти кон Турчинот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И оттогаш не преставаше да ја подгрева омразата кон Турците и мислата да се ослободи од нивните синџири.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Холограм! Кажи ми нешто за Турскава чаршија која за инат засекогаш ќе ја нарекувам Турска, ко некаков мал јазичен пиетет кон Турците што ги истеравме пеесетите.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Последните две беа одделени од првите три и беа во поинакви односи кон Турците и Грците.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)