Во нејзините политички примени политиката на локација го одредува личниот пристап кон времето и историјата.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Каков е вашиот однос кон времето, и во некаква интимна, мемориска смисла и во историски перспективи.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Некој влечка, забавува, неодговорно се однесува, нема почит кон времето.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Краткото дружење со Самоников ме поучи дека тој ги употребува зборовите место надежта во она негово упорно приближување кон времето што претстои.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Остануваше индиферентна кон Франција, кон Италија, кон времињата кога верувала дека била среќна.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И сега, во навратот кон времето од пред шеесет години, ми се присторува дека го слушам тоа тропање и ми се чини дека имам болки во бочините, дека ми недосува воздух и целиот сум испотен...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Односот кон времето е ист со односот кон парите и кон другите: роковите, состаноците, паричниот курс, сето тоа е намерно оставено да лебди.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Дали во сите овие размисли согледував сличности помеѓу неговите постапки и однесувањето на Загорка Пеперутката што ќе ги откријам подоцна?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)