Тоа се дела, чии што главни естетски и онтолошки концепти се расчленуваат на: 1) губење на длабочина, 2) површни ефекти (тематизација на „близината”), 3) естетска инсценација на нови технологии и медии, 4) зачекорување во виртуелни, алтернативни, паралелни „светови”, 5) симулирање на комплексното осознавање во смисла на визуелна, аудитивна и тактилна перцепција, 6) преод од аурата кон гламурот, 7) интерактивност, 8) генеративна репродукција на уметнички дела.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Улогата на кампот е да го разбие издишаното, свечено, здодевно еднолично обожавање на убавината, да им овозможи на геј-мажите кои ја посакуваат и ѝ се восхитуваат на убавината да се поттргнат иронично од својата неиронична посветеност на неа, да ја погледнат од гледиштето на постколонијалната разочараност наместо од гледиштето на исчекувачката возбуда.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Повеќе е кралица отколку трејд.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Неговата нервоза, хистерија, импулсивност, неговата љубов кон гламурот и „морбидната љубов кон згодни работи, кон придушена светлина и кон свежо цвеќе“ (122) се сѐ особини што се општествено кодирани како немашки и што му го заведуваат геј-сензибилитетот под знаците за невротичност и, особено, за женственост.
Херман Мелвил, пак, ги протерува сите траги на женственоста од човечкиот крајолик во „Били Бад“ (1891).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ете, тоа објаснува зошто на кампот му е работа да го спушта секого, особено секого чиј стремеж кон гламурозност може да ги угнетува неговите другари што немале толку среќа, како што е самиот камп.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)