Чудно смирување ненадејно проструи во душата на Лука Карер.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тие меѓу себе, тој со себе. Тука, му раскажуваше дедо му, пристанувале импозантни венецијански галии додека, од петнаесеттиот па до самиот крај на осумнаесеттиот век, јонскиот остров бил под власта на кралицата на Јадранот, на Неапол и на Фиренца, подоцна двапати потпаѓајќи под власта на Французите и на Англичаните, но и на Русите, за чудо, краткорочно и на Турците, за конечно во 1864 да се присоедини кон матицата Грција.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Беренц се фати за футролата и правејќи неколку заканувачки чекори кон градоначалникот, го извади пиштолот од неа, го откочи и ја притисна цевката на главата на Карер.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Некои од разбиената група придружници се тргнуваат од тивкиот разговор што го водат меѓу себе и кимнуваат кон градоначалникот во знак на пригодно одобрување, правејќи се дека тој изговара една обична климатска констатација. „А бродот доцни...” - рече еден од општинарите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)