А беа тоа немирни балкански времиња, времиња на вистински потреси во земјата на кои им се надоврзуваа силни потреси на луѓето, ментални, психички и какви уште не други кои, како проклетство, се испраќаа кон границите на тој клет простор во кој никој не сакаше да биде оној другиот, од другата страна на границата, во проклетството на делбата преку која секој, макар и род да беше, се гледаше како непријател...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Низ Германија патував близу 1.000 километри, но тие бргу се совладуваат, зашти огромните растојанија од Салцбург до Минхен, па натаму до Штутгард, па до Келн и кон границата кај Ахен, се минуваат неусетно само за 7 часа.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Од оние села кои водат кон Црна Скала, кон границата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
XXIV Преостануваше да се издржи уште финалната етапа од патувањето: Влора, Саранда и Бутринт, па неизоставно Ѓирокастра, родниот град на Водачот и на крајот по родниот град Поградец, конечно да се појде кон границата. Сигурниот крај на патувањето!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Најпосле Мајка појде кон границата. Татко ја допрати до прагот на куќата, со задржана тага во изразот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Појдовме кон границата, сета мајчина челад, во колона од неколку коли.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Откако изврвеа долгите колони и се разместија над селото и над манастирот кон границата, еден офицер го повика кметот, му се претстави дека е командант на единиците и му кажа дека се зајакнува границата, бидејќи Албанија се подготвува да ја заземе зоната.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Во 1902 година за потребите на Организацијата во Бугарија се купувало мелинит кој доаѓал од странство и се праќал кон границата и во Македонија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
За да ги одбегне стапиците поставени од надлежните органи, четата тргнала пеш од Софија, преку Витоша и радомирските села кон границата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
На асфалтниот пат имаше неколку железни ознаки, на некогашните челични столбови на балканскиот ѕид.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во една друга пригода ќе ви раскажам за тоа, но најсилен впечаток ми направи враќањето од Поградец кон границата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Да седиш надвор пред шаторот, на платнено столче како на глуждест триножник, да го држиш в скут врелиот филџан со кафето мирисно што чади, да ги гледаш пред себе на плажата првите капачи како срамежливо се соблекуваат и зиморливо влегуваат во водата, додека на синото небо некое бело облаче полека се топи во сончевината како грутче кравјо масло во тава на оган, додека зад тебе по патот збивтаат шлеперите со ладилници кон границата и од границата, а по врвовите на дрвјата пролетуваат гаврани во засипнато грачење - тоа ти е како да си влегол во разгледница.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Биени од небо и земја, прескокнувајќи ги телата на убиените и ранетите, подуените мрши на мртвите говеда чии црева беа растурени на патот и ливадите и постојано придружувани од тоа ужасно викање – бегајте – ги врвевме беспаќата кои водеа кон границата со Албанија.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во татковите мисли беше јасно дека не ќе може да го следи патот на јагулите по реката на Запад, кон границата на својата родна земја, за да излезе на морето.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Не ми беше лесно да го разберам Мајкиното учество во балканската историја, посебно односот кон сложеното „албанско прашање”, како и кон границите, тие проклети линии на делбите, таа пајажина пред и околу луѓето, како што таа често, гласно или шептејќи се изразуваше за нив, особено откако ја напуштивме родната земја и станавме засекогаш емигранти на животот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тој нѐ испрати до прагот од куќата. Заминавме со Мајка, со колона коли кон границата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)