кон (предл.) - дете (имн.)

Однекаде дотрча и Мира и викна кон децата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кучката се прилепи до земјата, па мавтајќи со опашката, како да мете зад себе, почна да лази кон децата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа се сврте кон децата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нема никаква длабочина во нејзината љубов кон децата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Така изнарадуван, се сврти кон децата и викна: - А бре, шо чекате вие?!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во други денови во мене се побудуваше љубопитство да разберам каква учителка е и како се однесува кон децата, но не можев многу да разберам од првачињата, тие беа сосема малечки.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„А јас тоа го гледам на сосема поинаков начин,“ рече Сара, и се сврте кон децата кои си играа во дворот на детската градинка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Тогаш и жртвата што ја прават некои мајки за своите деца не е жртва, затоа што она што го прават, го прават за себе, за нешто што го доживуваат како дел од себе?,“ се вмешав во разговорот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Љубовта на мајката кон детето е љубов кон еден дел од самата себе. Една форма на самовљубеност.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Да се носи со месеци нов живот под срцето, а потоа да се донесе тој нов живот на овој свет, да се гледа како тој живот доаѓа, ужаснат, ужаснат од излегувањето од утробата и судирот со она што не може да му биде ни непознато, бидејќи за непознато уште не знае, а познатото само го чувствува, да гледам и чувствувам колку сум му потребна на тој нов живот, колку му е потребна храната која истекува од моите гради, да набљудувам како искуството се таложи во неговите очи, и да ги видам првата надеж и првото разочарување на тој нов живот, да гледам како тој живот се осамостојува, како веќе не сум му неопходна, да видам како тој живот кој произлегол од мојот живот ме напушта и самиот тргнува кон создавање на нов живот, ете тоа за мене е родителството.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Не споменувај ми го веќе покојниот Симон Наконтик, го прекинал Наџак-Јанко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Да се свртиме малку кон живите, кон жените и кон децата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ВАСИЛКА: (кон децата).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ексцесивни се и многу приврзани за семејството, а пристрасни кон децата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Чист поглед како мајчиниот кон детето, како допирот на меко зајачко крзно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се сврте кон децата. „Морнари, дигнете ги едрата и пловете дома.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ги отвори очите и се сврте кон детето. „Не, малечко„, рече. „Јас не сум поп. Јас сум ѕвезда со изгасната трага.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Те ценам спрема твојата љубов кон децата... „Можам ли да разговарам со вас?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Марија не ја беше забележала. - Марија, - ѝ свика и потрча кон неа и кон детето.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Судот да му каже кои се неговите должности кон детето...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Марија тргна кон детето.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ќе правиме нив муслимани, бегови, аги – a кон децата: – Сакате ли, бре шејтани, да бидете аги, бегови, кадии, наши? – Сакаме дома, кади баба! – викна она повозрасното. – Дома, дома, дома сакаме-е-е... – се разнесе од сите педесет и три грла како од јагниња по забирок. – Дома, дома!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ете кај го кутнала ракијата, а ние за влакно ќе го смачкавме! се свртува кон децата свои, одејќи Одам со ковчегот, а вие поделете си ги другите пљачки! и замина натаму, низ врвулицата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Цел еден живот беше за­прен во еден поглед, во погледот на Мајка кон семејството, кон децата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Не е за смеа, - рече дедо Геро и се сврте кон децата: - Еве што ќе ви кажам: ни ние не знаеме сигурно.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Истрча целото село да го пречека: напред одеа музикантите, свиреа со труби и тропаа на барабанчиња: нивната бучава го заглушуваше просторот; по нив, качен на коњ, одеше Лоте, облечен во алишта на витез; луѓето плескаа, го поздравуваа, а Лоте им мавташе со раката и им отпоздравуваше како да оди или се враќа од поход; зад него одеа циркуските коли ишарани со дречливи бои и креваа прав, тропајќи по нерамниот пат и влечејќи се бавно по преморените коњчиња што ги влечеа; од прозорчињата на колите ѕиркаа циркузантите со ишарани лица; по нив одеа кафезите со животни кои ѕиркаа низ решетките и ги подаваа муцките кон децата што трчаа по нив и врескаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Иако конкретно на тоа не мислеше, но мачнината што во него тлееше беше копнеж за љубов што ќе води кон дом, кон деца.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не пласкајте со устите, се врти татко кон децата, не јадете од копанка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама, кога ќе погледнам кон детето, како го поткрева мешето, како си дише накусо, мислам целата соба мириса на јоргован.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали ме стана некое љубопитство да видам што родив, да се осигурам, што се вели, или некоја непозната жал ми ја сврте главата кон детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Среќен пат! - викна човекот, а потоа се сврте кон детето.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)