На излезот од котлината кон долината на Радика е изградена земјена брана и во котлината е акумулирано Мавровско Езеро, долго 10км, а широко од 3 до 5км.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Полека темното слегува кон долината и го потиснува здивот што се таи во млаките.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Одам по долината завлечен по облакот од дамнешниот чад над сниските покриви зад меѓите, зад грмојте, зад високите крошни на дабовите зад крушите што се сушат зад сливите што капат зад јаболката во кои пее есента та мириса сета долина на топли пазуви и тихи мусандри во оние стари градски куќи што се вишат во куќите изгубени во правта на калдрмата во куќите чии чардаци чии пармаци уште се свртени кон долинава во која бавно се враќам како во стара книга што постојано се превртува во дланките на осамата.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Од чардакот на нашата стара куќа, која во последните години со жена ми Агна ја услагодивме за живот - го подредивме чардакот, ги сменивме диреците и веќе скапаните штици на подот, ги обновивме искривените рамки на прозорците, ги варосавме бело собите, ги урнавме, со голема тага, гнездата на ластовиците, ставивме тешка спорогоречка печка за топлење зимата, го проветривме тешкиот метален сандак кој го имаше задржано мирисот од пред седумдесет години кога бил донесен од Америка - гледам како се спушта пределот кон долината од чии млаки се креваат пасма пареа кон небото.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Неверојатно личеа еден на друг и затоа, додека се менеа, остануваа слични и потсетуваа на еден смолар од планината што воздивнуваше загледан далеку кон долината жолта од густ плод.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)