„Сигурен ли си?“ му викна бегот. „Погледни го убаво ако бараш дерман.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не исправајќи се, избезумен од надеж дека го дочекал мигот во кој ќе се прости од маките, голиот поп без двоумење покажа со рака кон домаќинот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Бегот со гнасење се потргна од квичавото старче со крваво лице и сепак, во двоумење дали да го удри или да го заборави, го праша нешто на турски.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Гледав иронично кон домаќините, со сожалување кон блиските.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Но тоа човече измесено од смола, влакна и болежлива пакост на вечно понижено суштество, сѐ уште покажуваше кон домаќинот додека по трепетливата вилица му се цедеа крвави лиги.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Имав уште сили да погледнам зад себе кон домаќините и блиските, кои не престануваа да ни мафтаат.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)