кон (предл.) - езеро (имн.)

Можеби ќе се сеќаваат така како што и јас се сеќавам: Љиља помала, а Гоца поголема од мене - трчаме фатени за раце кон езерото, се фрламе во бистрата вода...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Околу пладне, штом ќе е готова летната манџа, и штом ќе се курдиса сонцето како што треба, младите охридски мајки (што не значи дека во Охрид нема од стара мајка деца) ги дотеруваат бебулињата, ги сместуваат удобно во количките кои задолжително имаат чадорче или нешто друго за да им држи сенка, па полека тргнуваат кон езерото.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
ОХРИДСКИТЕ МАЈКИ
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
А кога дома ни идеа емигранти од родниот крај, пред неизвесниот пат кон Америка, кон Австралија или кон поблиската Турција, седнати на чардакот, како на последната станица од егзилот, Татко си имаше обичај, со нив, да ја пее тоскиската полифона песна во која се зборуваше за патот на семејството од Морето кон Езерото, за силните војни, кога се делеше семејството.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Наспроти светлите соби што гледаа едни кон езерото, а други кон планината, ходниците беа мрачни колку и да беа осветлени, колку и да беа нивните камени ѕидови обложени со лакирано дрво.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
-Ми доаѓа да се напијам! Премногу е бистро езерово! – рече Еразмо, брзајќи кон езерото со раширени раце.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Ќе одиме ли кон езерото? – праша Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Марин не се чудеше гледајќи во рибарските чунови, чии дозволи за рибарење сега, на тргнување кон езерото, ги прегледуваа луѓето на еминот, како што при враќање со исто таква усрдност ќе го прегледуваат и мерат донесениот улов.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Лена се сместила во собата горе десно со двата прозорци што гледаат кон езерото.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Па дури и уплав да те фати како ќе се вратиш со кајчето... замолча дедо Петре загледан кон Езерото - од час на час миговно ќе болсне рипче и пак ќе се нурне во стишените води.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Кога игуменот излезе од црквата по вечерната молитвата, мракот беше одамна спуштен и го забележа Стивенс каде што сè уште стои загледан кон езерото осветлено од месечината.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Французинот и Италијанецот останаа на чардакот продолжувајќи го разговорот, а Англичанецот слезе во дворот и седна на камената ограда гледајќи кон езерото над кое сонцето зајдуваше и правеше долга пламена река.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ја испија ракијата, се погледнаа полковниците меѓу себе задоволни од ваквата убава ракија, испија по една, а потоа фрлија поглед низ прозорецот кон езерото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
XXIV Уште од рани зори луѓето во селото почнаа да ги буди лавежот на кучињата и некаков тропот; стануваа од постелата, ги лепеа очите на прозорците, излегуваа на чардаците и гледаа исплашено: колони војници врвеа низ селото; им светкаа шлемовите и оружјето на виделинката од зората; од сите сокаци се точкаа војници, а коњите што влечкаа тешко оружје, опрема, муниција и казани за јадење, врвеа по широкиот пат крај езерото; фрчеа коњите со носевите, збивтаа под теретот, чувствуваа жед и ги вртеа главите кон езерото што на утринското ветре шлапкаше бранчиња на брегот; од војниците избиваше пареа поднаведнати под тежината на ранците и оружјето; кучињата непрестајно лаеја и напињаа на синџирите да ги скинат; оние што беа пуштени, се втурнуваа кон војниците, но кога ќе добиеја клоца, ќе сквичеа, се тргаа настрана и продолжуваа да лаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но кога дошол за игумен во манастирот отец Никодим Синаитски, страден за сонце што во изобилство го имало во Синаја, ги разрушил сите тие тесни и мрачни келии, ги преправил, ги преуредил: им отворил големи прозорци да гледаат кон езерото и Полето, ги споил и направил за себе убава одаја за спиење, бања за капење, простор за вршење нужда, одделение за држење пијалоци и трпеза во која ќе го служат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сите куќи се свртени кон езерото кое штедро им ја фрла својата светлина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Чекорејќи со несигурни нозе, се упатија кон езерото да се мијат, да се освежат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кутриот, не ја разбира иронијата, си рече во себе, но сега за прв пат мораше да се огласи: - Другар Горски ве молиме вашите согледби да ги насочите кон живиот свет на Езерото, кон прашања битни за нивниот опстанок, доколку дојде до промени на составот на водата на Езерото, со градбата на хидроцентралите, со менување на текот на блиската река кон Езерото, вклучувајќи ги и јагулите, за што е предвидено да се преземат и посебни мерки.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Од Бајкал, некаде кај Иркуцк, јагулите се движат по кривулестата Ангара, кон езерото Братск, потоа, низ Енисеј, низ степите, кон Караул и Сибирјаков.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се свртев кон Езерото. Бев уште поосамен во синиот бескрај.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
...затоа овие текстови настанати колку што е можно повеќе во процесот на сопственото ослободување од дистанцата ги чувствувам како разоткривање на мојот пат кон новата проза па ја молам почитуваната редакција да ги прифати како мој предлог во поттикнувачката дискусија што започна да се води на страниците од вашето значајно литерарно гласило... искрено свој, зошто ги сакам кроки цртежите или како да се претрча тревогата од разделбите ...сочноста на зрелиот плод впиена во белината на хотелските соби сокот од нутрината излиен попатно танц фигури во постелината во воздухот допира против вечноста летот на недопуштената цигара кон езерото жарот и водата во неподносливоста куса и жешка средба...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Гледа Висар кон езерото, размислува за бесмртната вода, размислува кога би имал тој некаква сила та да дојде до шишето со бесмртната вода и да му стави крај на сево ова што го мачи.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Куќата е на еден кат, со задниот дел свртена кон селото, а со лицето кон езерото; кога ја градеше куќата, жена му го тераше да кренат уште еден кат, но тој не се согласуваше; ѝ велеше: „Куќата е како дрвото: за да се крене повисоко - треба да пушти подлабоки корење, а ние сме тенки во парица: не можеме ни надолу да одиме, ни нагоре“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
9 Мотив: црквата и гробиштата: Оддалеку најпрвин се забележуваат крошните на столетните дрвја припиени една во друга, грабејќи го лакомо просторот полн сончевина и отворен кон езерото до кај што окото гледа; црковната ограда е ниска и тие ја наткрилуваат, се префрлуваат преку неа со своите крошни, ги пробесуваат и ги спуштаат како зелени водопади; кога ветерот ќе го разниша зеленилото, се покажува камбанаријата и црквата издупчени од гранати; при секое удирање на камбаната, малтерот се лупи и паѓа како кожа од рани; на влезот од црквата сѐ уште стои на ѕидот св. Ѓорѓија качен на коњ и со копјето ја држи змијата прикована за земјата; наместа малтерот е паднат, та змијата е излупена во опашката, но јазикот ѝ е црвен, свеж и заканувачки издаден; гробиштата околу црквата се расфрлани без ред.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Често сонуваше како езерото надошло, се разбеснило, фатило да крева силни бранови и да удира на куќата, да удира на ѕидот како на карпа што му се препречила и да го пробива, да откорнува камен по камен, да го руши; со ѕидот се крши и покривот што е кон езерото и паѓа заедно со него во водата; куќата зинува кон езерото како да ја расцепил гром на половина и брановите, скокајќи преку урнатините, се нафрлуваат и удираат во другиот дел од куќата каде што спие Бандо; Бандо скока исплашен, се буди сиот во пот и стрчнува кон прозорецот што гледа во езерото и, расонувајќи се наполно, стои неколку мига со челото допрен до рамката од прозорецот, а потоа се враќа в постела не можејќи да продолжи со спиењето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Крајезерските врби како да ги благословил господ: растат со корењата згора над земјата, како прсти од раширени педи, како корали разметкани на сите страни, впуштајќи се најмногу кон езерото, пикајќи ги во него ситните главички на своите завршоци и не делејќи се од него како цицалчиња од мајка си; оние коренчиња што се од другата страна и што не достасуваат до езерото, се нуркаат во сувата песок, се извиткуваат како црви, и така во грч умираат и се сушат; покревките при згазнување пукаат, се кршат, а поцврстите се превиткуваат, се опираат, се чипчат, чиниш, некоја невидлива сила им дава моќ и им го крепи животот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Зората го отвараше небото, го разбиструваше, ја будеше земјата, езерото, селото; луѓето тргнаа по нивјето, по бавчите, по лозјата, по секојдневната работа; заѕвечкаа ѕвонците на добитокот што излегуваше на пасење, им брмчеа мувите и инсектите околу ушите внесувајќи им немир; рибарите со рибарскиот прибор се упатуваа кон чунчињата, дрварите ги самареа добиците и ги приготвуваа за тргнување в планина; врвеа жените со сепетките на глава тргнати кон езерото да перат алишта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Вртејќи ги корењата кон езерото, врбите ја свртеле и сета своја снага кон него: и стеблото и гранките; се извиле над него, ги спуштиле крошните што поблиску до него, до неговиот шум и плисок што им дава живот; сѐ што чинеле, чинеле додека биле млади: ги спуштале гранките како самовилските коси во него, ги киснеле, ги препуштале на ветерот да ги вее, на сонцето да ги суши.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Лека-полека, никој да не сети, пресностасаните градители ми го затвораа опулот кон езерото.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Ми остана малку време да ви раскажувам за моето последно минување на границата, на пат за Тирана, на средба со амбасадорот Патрик Крисман, да ги гледаме новите, преведени француски страници на балканската сага, во кое има и едно поглавје за границата... манастирот...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Погледнувам кон езерото.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Го пресекоа патот што се протега кон езерото, влегоа во некои ливади во кои зацапаа во водје, се пикнаа во капињето на некоја меѓа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Го бодинам кон езерото, навлегувам во трските.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Заморно, работно, разнолико, исполнето со глупости, емоции, страст, љубов кон езерото.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)