Е, ај, да пробаме пак со ракија. Држам на забот ракија, а со носот шмрчкам нова ракија. Со ноздрата што е кон забот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
17. АКО БИДЕШ МОСТ, СЕКОЈ ЌЕ ТЕ ГАЗИ - остани си таков, неминовност е, нека, возгордеј се, сепак, со овојот убав назив си споил два брега над една матна река... кон забот што боли јазикот се талка!
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Ја впиваше кон забите горната усна додека врвовите на неговите бели прсти удираа по светкавата револверска футрола.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)