На мајсторите им рече тие камења исто така да ги стават на предната страна на новата црква; едниот, тој со дупката на десната страна, кон зајдисонце, а другиот, тој со човекот со очите над веѓите, на левата, кон изгрејсонце.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Братучедите како да се чуваа да не видат некој срам, се свртеа кон грб кон врата и гледаа преку авлијата кон зајдисонцето каде што небото со стемнувањето потемнуваше добивајќи ја мрачната боја на дното на езерото.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)