Всушност движењето кон изворност, и вообичаеност, во светот, би требало да биде кулминација на движењето кон туѓите и необични светови. (Bourdieu, 1988, str. xi-xii) Според Бурдие (Bourdieu), егзотизирањето на одомаќеното преку објективизирање на вообичаениот и прифатен без никакво сомневање свет го олеснува “повторното самоприфаќање”.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Социологот којшто одбрал да го проучува својот сопствен свет во неговите најтесни и познати аспекти не би требало, како што би го направил тоа етнологот, да го одомаќи егзотичното, туку, ако можам да спекулирам со изразот, да го егзотизира одомаќеното, со прекинување на сопствениот интимен однос со начините на живот, кои дури остануваат непознати за него бидејќи се премногу блиски.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)