И додека одеше по сѐ уште пустите градски улици кон касарната, во главата, за промена, ја слушаше Васка Илиева...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
„Ете, помина со рамнодушност низ мојата лутина“, си реков.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И бомби паднаа утредента, на многу места во градот; и болницата ја разурнаа кај Градскиот саат, иако, целиот покрив беше прекриен со голем црвен крст; и добар дел од оние што беа полегнати по креветите и очекуваа помош ги развеа ветрот со големата лопата на смртта; бомбите само касарните ги поштедија, чудо невидено; а тој, мојот маж а твојот татко, гледај го ти него, го лашти зелениот форд; селото гори баба се чешла; го светнува, го дотерува, како божем на свадба ќе го носи, и во понеделникот, на седми април, точно според барањето на известието, се качи во автомобилот и замина кон касарните.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)