Само за миг пред острицата на долгата сабја да падне врз него се фрлил во скок кон коњот и ги зграпчил уздите. Го избегнал нападот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Не пуштил директорот на поштата брадиче, туку Мирон“ , рече Мануш а Јанкуло се сети и воздивна вртејќи се кон коњот: „Тој беше утрово избричен.“ „Точно“ , се сети и Мануш со невеселоста во потиштената душа. „Беше избричен и носеше темни очила.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Што буден недобуден, што сонлив недосонет, си ја влечкам снагата кон шталата, кон коњот и самарот, кон ситната стока што треба да ја носам на панаѓур во Виница.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Со војувачка итроштина замавнал кон темето на соговорникот. На луѓето им се згрутчил здивот в душник. Но другиот ја очекувал опасноста.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)