По некое време мачката полека ја пушти едната нога, па другата и почна кроце и претпазливо да чекори напред кон кучето гледајќи право во неговите очи и затегнувајќи го одвреме навреме телото како лак од стрела спремна во секој момент да скокне на кучето ако се обиде да ја зграпчи.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Госпоѓата Гологанова, насмеана, веројатно повеќе од учтивост кон домаќинот одошто од љубов кон кучето, се наведна со намера да го погали по главата, но кучето ѝ се назаби и згрче отстапувајќи само чекор, при што зазеде понападна положба.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
И веднаш разбрав од каде толку голема љубов кон кучињата во Париз.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Патем размислував за големата љубов на парискиот човек кон кучето и кон другите домашни животни и се обидував да дадам одговор на оваа појава.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Прашината споро лебди во пеколот на пладнето, К* мисли, се испотив, чувствува со целото тело, потта му се испарува од кожата, тоа некако го лади, К* мисли, треба да ја сменам маичката, се обидува да мисли К*, што тоа сакав, погледот на К* залутува кон кучето во длабочината на улицата.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Жена му Хера која раководеше со Пансионот, како што строго се однесуваше кон кучињата, така и кон персоналот, често груба, сурова.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Париз е познат по големата пасија кон кучињата, која е развиена, дури, како во приказните. Кучињата и мачките се заштитени со закон.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сакав да го видам овој раритет, па решив да ги посетам овие гробита знаеќи за голеамата љубов на луѓето кон кучињата и другите животни.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)