Возбудата растеше во мене! Како никогаш досега, сега бев посигурна дека ќе тргнам, ќе се насочам кон минатото, истражувајќи што е тоа што ги величеа моите предци.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Националистичкиот кич своите содржини ги црпи од страсната внурнатост во “суштината на националното битие” и како таков свртен е кон минатото и лишен од утописката димензија.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Можеш да отидеш на крајот на светот , преку граници, надвор од разумот, а сепак да останеш свртен кон минатото. Неповратно.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Останував настрана од нивниот свет и од нивните разговори во кои зборуваа за себе како за сопруги и мајки, потслушнував како гледаат кон иднината, а јас погледнував кон минатото, и ми изгледаше како со бракот и мајчинството, за кои се спремаа, да го победуваа времето, со нив тие се врзуваа со целата низа мајки до првата крв; а јас чувствував дека останувам далеку од таа низа во која се множеше крвта и во која крвта обединуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мајка ми ја чувствуваше мојата ранливост, и ја зариваше во неа својата омраза.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)