- Пред да ја обземе нагонот на патувањето, - продолжи Игор Лозински, - на патот кон обновата и смртта, јагулата има светло сребреникава боја, а во мигот на тргнувањето грбот ѝ станува темно зеленикав, речиси маслинест, за на крајот да стане црн, но сјаен, а од страните на мевот ја задржува светло сребренестата боја.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Експресионистичката онтологија, значи, ја претпоставува магичната семоќ на Јас. (...) Општиот императив на експресионизмот кон обнова и преобразба имплицира - без оглед на можните содржини и стратегии - некаков вид активистичка опозиција како на резигнирано-пасивната игра така и на квијетистичката контемплативност: „Да не се прифатат судбините (ниту општествени ниту природни) во индиско-вонсветовен стил”, вели Курт Хилер, еден од водечките претставници на активистичката струја внатре во експресионизмот, „туку прометејски да им се спротивставиме.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)