Пред нас е свет на одредена мода; тука се “cultismo” и “conceptualismo” на епохата, прециозноста што се стреми кон образованост, елегенцијата, перспективизмот, но и лавиринтиката (запчаниците долу десно), она “заклученото” (вратата во заднината), синкретизмот (регалот со книги), гротескното (фигурите на десната страна на машината за читање), декоративно-фантастичното (самиот склоп на машината), изолираноста во лудилото на знаење, духовната загуба во светот-затвор (зад три тешки брави), што е, белки, некаков нов, “техницизиран” симбол на Сатурн, но и амблем на безнадежната љубопитност.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)