Се обидуваше причините за ваквото свртување на синот кон партијата да ги побара во себе, во својата изолација од партијата, од политиката.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Јас гледав во формуларот: на него беше составен еден ужасно патетичен текст, во кој најгоре, на почетокот, стоеше: „ЈАС“ (подоцна многу размислував за значењето на заменката „јас“ во партискиот и општествениот живот, воопшто), „Потресен и огорчен од она што се случува денес со здравиот народен дух и народната уметност, која е обесчестена, пристапувам кон Партијата на здравиот народен дух и се обврзувам дека дење и ноќе ќе работам на поткревањето на тој дух до степен на усвитеност, дека ќе му ги вратам часта и достоинството и дека...“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Фанатичната верност кон партијата лесно минуваше во крволочност кон козите, кон нашите детства.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Се доби ваков текст: ЈАС, потресен и огорчен од она што се случува денес со ЛУЦИЈА, која е обесчестена, пристапувам кон партијата на ЛУЦИЈА и се обврзувам дека дење и ноќе ќе работам на поткревањето на ЛУЦИЈА до степен на усвитеност, дека ќе ѝ ги вратам честа и достоинството и дека...“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Имаше две имиња за тоа. Едното беше „правење бебе“, а другото беше „нашата должност кон Партијата“: да, навистина ја употребуваше таа реченица.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не имаше совладано слепилото наречено партиска послушност и верност кон партијата и над неа, кон водачот…
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Така, во еден момент Винстоновата омраза воопшто не беше вперена кон Голдштајн туку напротив, кон Големиот Брат, кон Партијата и кон Полицијата на мислите; во таквите моменти неговото срце полетуваше кон осамениот, исмеан еретик на екранот, единствениот чувар на вистината и на разумот во светот на лагите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)