Сѐ почесто дење, кога ќе се разбудев кон пладне, Ханка ми мирисаше на лоша ракија. Попладнињата главно молчевме.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Во саботата - пишува тој - „бандитите“ не презедоа ништо, но другиот ден, (неделата 3 мај) кон пладне, еден од нив се обиде да влезе во телеграфската станица, за, божем, да предаде телеграма, но бидејќи не само што одби да дозволи да го претресат, туку и се противстави, веднаш беше убиен од војниците.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
ДАСКАЛОВ Му реков на Иван дека Боге од Бањи со сандакот негде кон пладне ќе пристигне, а веднаш потоа ќе почнат да доаѓаат и луѓето?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Настојував всушност да сфати дека не располагаме со денови и со години, туку само со часови.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Те сакам – ми шепна во слушалката пред да ја спушти.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- А кон пладне намина божем случајно доктор Пачев за да прашал кога последен пат сум ја сретнал Пеперутката. Реков: вчера. Со несигурност во гласот. Иако можев да бидам уште понеодреден.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Катерина кон пладне ме извести дека не треба да ја чекам. Ќе се вратела дури вечерта.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Некаде кон пладне, нејзината рака ја испушти мојата. ѝ ги склопив очите, станав, излегов на балконот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Паѓаше тивок септемвриски дожд, и јас ги прибрав дома двата стола на кои тоа лето во попладнињата седевме мајка и јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)